Face 2 Face II »

Во петок, (27.06) се одржа втората дебатна средба во рамките на низата на активности на „Центарот за нови медиуми“ под наслов „Face to Face“. Темата на дискусија беше онлајн информирањето, а со своето учество нè почестија Зоран Ричлиев (Утрински Весник), Зоран Бојаровски (Алфа ТВ), Стеван Трајковски (А1 ТВ) и Милчо Узунов (Форум).

Средбата и самата дискусија се одржа во сосем неформален карактер што резултираше во извонредно содржајна, отворена и мошне корисна дискусија на темата онлајн информирањето во Македонија, какви се состојбите на овој план, кои се систематските проблеми, кои се поединечните искуства во започнувањето, одржувањето и развивањето на онлајн информативните медиуми, какви се перспективите и кои се можните решенија за проблемите со кои се соочуваат нашите ентузијасти во оваа сфера.

Иако е секако нефер да се изредуцира самата дискусија на неколку просто-проширени реченици, сепак заради континуитетот на записи од овие настани би ги издвоил следните „поенти“ на средбата:

  • сферата на онлајн информирањето кај нас, иако бележи значителен напредок, е далеку од развиена
  • рекламниот колач во оваа сфера е сè уште ситничок
  • конвенционално обучените новинари се однесуваат конзервативно и резервирано кон онлајн медиумите, иако помладите кадри покажуваат поголем ентузијазам кон онлајн информирањето
  • беше допрена темата на соодносот на класичните изданија (печат, ТВ) и онлајн изданијата на едни исти медиуми и феноменот на „негативна/ирационална внатрешна конкуренција“ како состојба која го инхибира развојот на онлајн информирањето.
  • беа разгледани „пиковите“ (врвот) на посетеноста во текот на денот во различни медиуми кои посочија одредени модели на однесување на публиката.
  • беа направени проценки во кој првец ќе се движи развојот и активностите на онлајн медиумите и кои се најголемите предубедувања во оваа сфера.

Со овој заклучен збор им се заблагодаруваме на учесниците со додавка дека дискусиите во рамките на „Face2Face“ секако ќе продолжат, а темите за можните следни средби се отворени за дискусија и сугестии.

Дополнително ќе се потрудиме да објавиме и некој аудио запис од настанов. Некои мобилни снимаа, ама не сме сигурни дали имаме снимка која може да се употреби :)

BarCamp во Истанбул »

Во организација на OSI од 21-22 Јуни се оджува OSI Youth BarCamp во Истанбул. Центарот за нови медиуми имаше претставник на овој BarCamp. Од многуте сесии и презентации ќе издвоиме две:

1. Како да создадете успешна WEB 2.0 заедница (mp3 44 mb) - Во оваа сесија креаторите на ХајВеј, Citizen Journalisam Network сајт од Украина, презентираа како ја создале својата заедница, како ја одржуваат и како се финансираат.
2. Citizen Journalism and Youth Media (mp3 44mb) - презентираше беше соработката помеѓу IDEA и Bloomfield College. Се зборуваше многу за Citizen Journalism, како Барак Обама ја користел во кампањата за избор на претседателски кандидат итн. Најважниот заклучок беше дека иако новите медиуми се ефтини и многу достапни сепак треба да се познаваат одредени вештини за да можат содржините на новите медиуми да бидат комуникабилни.

Дополнување (29.06.2008):
Еве и две видеа од BarCamp-от. Првото е за алатките кои IDEA им ги овозможува на младите поврзани со Citizen Journalism, а второто е како може видеото да се искористи во младинскиот активизам.

Центарот за нови медиуми на Glocal 2.0 »

Од 8-10 Мај во ораганизација на New York University и Центарот за нови медиуми се одржа Glocal 2.0 Blogiing: Evolution Treated as Revolution. На конференцијата тројца членови на Центарот за нови медиуми имаа презентации: Сеад Џигал (Blogging between Verbal Democracy and Media Revolution), Дарко Булдиоски (Blogosphere in Macedonia) и Мите Кузевски (Blogosphere as a Simulated Public Sphere). Дарко Булдиоски беше и дел од организациониот одбор на конференцијата.

Специјален гостин на конференцијата беше Robin Hamman, одговорен за блоговите и примената на нови медиуми во BBC автор на блогот Cybersoc.com. Покрај него воведни излагања имаа и Драган Варагиќ и Ненад Ромич (Marcell Mars).

Дел од атмосферата од конференцијата на flickr: 256 фотографии.

Young Media Watchdogs »

Започна реализацијата на новата програма Young Media Watchdogs – медиумско описменување, критичко размислување и аргументирано коментирање за средношколци и студенти

Центарот за нови медиуми, НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум организираат тринеделна работилница, на кој средношколците и студентите ќе се запознаат со македонската медиумска сцена, пропагандата и политичкиот маркетинг. Учесниците ќе развијат критички пристап кон понудените информации, ќе стекнат способности за аргументирано коментирање на медиумската понуда и ќе научат како преку користењето на новите медиуми, своите коментари и ставови да ги презентираат јавно.

Првата, од предвидените четири работилници, ќе се одржи од 11 до 29 март, 2008 година, со 12 учесници. А веднаш по неа следуваат уште 3 циклуси.

На работилницата ќе се обработат темите:

- Вовед: Пропаганда и медиуми - Билјана Бејкова, НВО Инфоцентар

- Политика, медиуми и јавно мислење - Марко Трошановски, Институт за демократија

- Критичко мислење и медиуми - Павлина Каранфилова, НВО Инфоцентар

- Дебата, аргументирање и критичко размислување - Марјан Забрчанец и Бојан Маричиќ, Младински образовен форум

- Нови медиуми - Дарко Булдиоски, Центар за нови медиуми

По завршувањето на серијата од четири работилници учесниците заинтересирани за понатамошна соработка ќе можат своите ставови да ги објавуваат на новиот Young Media Watchdogs блог. Објавувањето на комантари и ставови ќе се одвива под континуирано менторство на Дарко Булдиоски, Марјан Забрчанец и Бојан Маричиќ.

Извор: НВО Инфоцентар