ЗА НАС
ЦЕНТАР ЗА НОВИ МЕДИУМИ
е организација формирана со цел да промовира ефективна употреба на новите медиуми, информациите и новите комуникациски технологии, преку зајакнување на партиципативноста како една од главните одлики на новите медиуми, како и промоција на медиумско описменување и развој на граѓанското новинарство..
ЦЕЛ И АКТИВНОСТИ
Центар за нови медиуми својата мисија ја остварува преку промовирање, унапредување, едукација, истражување и анализа на новите медиуми. Својата работа ја темели и остварува исклучиво врз основа на демократски вредности, методи и облици на дејствување.
Во непосредното работење, акцент ќе ставиме на:
- Промовирање и унапредување на новите медиуми
- Анализа и истражување на новите медиуми
- Поддршка на медиуми со „open content“ кои им овозможуваат на сите граѓани да „бидат медиуми“ и да партиципираат во создавањето на медиумската содржина
- Организација и присуство на трибини, семинари, работилници и други форми на дебата за теми и содржини од областа на новите медиуми
- Промовирање на медиумска едукација како неопходно образование за сите
- Oрганизација на обуки и семинари од едукативен карактер од сферата на новите медиуми.
- Oрганизација и реализација на издавачка дејност од областа на новите медиуми: книги, брошури, електронски изданија, прирачници, списанија и слично
- Воспоставување, одржување и развивање на меѓународна соработка со организации, институции и установи со слична или блиска активност и определба со онаа на Центар за нови медиуми
КОГА? КОИ?
Според државните органи постоиме од Јануари 2007 година, а идеата се роди скоро една година порано. Оригинално зад оваа идеја стојат четворица блогери: Сеад Џигал, Дарко Булдиоски, Мите Кузевски и Анастас Вангели. Како блогери и „зависници” од интернет многу лесно најдовме заеднички јазик во она што мислевме дека недостига, а е воедно и неопходно, во Македонија. Нашите индивидуални активности во минатот биле поврзани со новите медиуми, но со формирањето на Центар за Нови Медиуми ќе се потрудиме тие активности да ги подигнеме на повисоко и поорганизирано ниво.