Јавната расправа по повод 9 февруари – Европски ден на безбеден интернет »

Европскиот ден за безбедност на Интернет, 09 февруари, во Собранието на Република Македонија, беше обележан со јавна расправа на тема “ Побезбедно на Интернет” во организација на Мешовитиот парламентарен комитет на Република Македонија и Европската унија.

Претставникот на Центарот за нови медиуми, Анастас Вангели, имаше свое излагање пред присутните. Покрај него, воведен говор имаше Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељановски, а свои излагања имаа и потпретседателот на Собранието, Јани Макрадули, др. Димитар Трајанов, професор на Факултетот за електротехника и информатички технологии, Патрик Паке од мисијата на ЕУ во Македонија, како и претставници на релевантни владини институции и граѓанскиот сектор. Модератор на дискусијата беше Александар Спасеновски, претседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет на Република Македонија и Европската унија.

Фокусот во презентациите и дискусиите беше ставен на заштита на децата и младите од нападните и штетни содржини на Интернет. Беа истакнати негативните аспекти на социјалните мрежи, а предмет на дискусија беа и прашања како што се заштита на личните податоци и крадење на идентитетот. Како и да е, тонот на сите дискусии беше премногу морален, а на моменти и параноичен.

Во продолжение погледнете видео од обраќањето на Анастас Вангели. (напомена видеото е со слаб квалитет)

Oбука: Користење Интернет за промоција на граѓанскиот активизам »

обука нво интернетВо периодот од 16 до 18 декември 2009 година во просториите на МИМ се одржа обука за користење Интернет платформи за промоција на граѓанскиот активизам. Обуката ја спроведоа Дарко Булдиоски (Центар за нови медиуми), Зоран Ричлиев и Петрит Сарачини.

Целта на оваа обука беше граѓанските организации да се здобијат со напредни сознанија за процесите и практиките на онлајн медиумите денес, како и за современите алатки за приомовирање на работата на граѓанските организации и информирање на јавноста преку Интернет платформите. На обуката беа претставени основните практични мултимедијални алатки и најсоодветните начини на нивно користење, во функција на промовирање на активностите и резултатите на НВО-а, споделување на информацијата преку разни социјални платформи и други веб простори и градењето на дологорочно одржлив бренд на Интернет.

Оваа обука е дел од Проектот за зајакнување на граѓанското општество, што го спроведува партнерскиот конзорциум предводен од ИТЗ, a во кој членуваат МИМ, Конект и Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ).

Извор: МИМ

Обука: Основи на Интернет огласување »

На 11 декември 2009, Центарор за нови медиуми во клубот на новинари ја одржа својата прва отворена комерцијална обука на тема: Основи на Интернет огласување.

Целта на обуката беше да запознаат учесниците со основните карактеристики на интернет огласувањето, предностите и недостатоците кои ги нуди оваа форма на огласување, различните начини на таргетирање, потоа со различните типови на огласи и како да се изврши проценка на кои веб страници е најдобро да се рекламира.

Обуакта беше наменета за директори на продажба и маркетинг, маркетинг и ПР агенции и менаџери на мали и средни компании. Истата ја проведоа Дарко Булдиоски и Наталија Трајчевска. Првата отворена комерцијална обука имаше 10 учесници. Тие доаѓаа од маркетинг агенции, онлајн медиуми, приватни компании и образовни институции.

obuka-internet-oglasuvanje

Како дел од обуката презентација имаа и партнерите на обуакта маркетинг агенцијата Httpool. Савица и Сања презентираа неколку студии на случај и чекор по чекор употреба на нивниот систем за контекстуално рекламирање со што значително ги надполнија теоретските предавања.

Успешната реализација на оваа обука ја потврди и малата евалуација која беше спроведена на крајот на еднодневниот настан. Центарот за нови мдиуми им се заблагодарува на сите учесници за активното учеството и искрениот придонес кон подобрувањето на нашата работа.

Оваа обука само повеќе не поттикна да се фокусираме на зголемување на бројот на активности поврзани со едукациајата од областа на новите медиуми. Па токму затоа најавуваме повеќе обуку на овие теми во текот на 2010. Ветуваме дека нема сите да бидат на основно ниво, туку ќе има и напредни обуки на кои ќе предаваат и експерти од регионот и пошироко.

Glocal: Inside Social Media »

Зад нас е уште една успешна Глокал конференција, третата по ред. Glocal: Inside Social Media претставуваше тридневен настан кој на едно место собра голем број академски истражувачи, практичари и студенти од различни земји, култури и генерации обезбедувајќи простор за дискусија на тема која беше заеднички интерес: социјални медиуми.

Тимот на Центарот за нови медиуми беше комплетно одговорен за онлајн промоцијата, кампањата и техничката реализација на овој настан. По промотивните и организациски активностите кои претходеа на настанот, за самиот настан беше создадена интернет страница на која учесниците на самата конференција но и оние кои не беа таму можеа во живо да го следат овој настан. На Livestream стрaницата се агрегираше различна содржина и одеше видео пренос во живо.

Би сакале уште една да им се заблгодариме на целата локална и регионална интернет заедница која безрезервно не поддржа и ни помагаше во реализацијата.  Сега, по конференцијата можете да прегледате дел од видео записите и презентациите кои од 15 до 17 октомври беа дел Glocal: Social Media во организација на New York University Skopje.

Онлајн дебатирање (дискутирање) и негово менаџирање – локални искуства »

Датум на одржување: 29-ти мај 2009 (петок)
Место: Културен центар „Точка“, Скопје
Време: 19 часот

Со задоволство ја најавуваме четвртата (некаде по грешка искомунициравме дека е трета) „Face to Face“ дебата под наслов „Онлајн дебатирање и неговото менаџирање – локални искуства“. Дебатата ќе вклучи локални практичари и аналитичари на темите на: онлајн модерација, раководење и менаџирање со заедница, администрација на дебатниот онлајн простор, менаџирање на коментари, онлајн диксуија и демократија.

Досега успеавме да добиеме потврда за присуство од модераторите на Утрински Весник, А1, Мотори, ИТ, еБизнис. Чекаме уште финални потврди и секако упатуваме отворена покана да присуствувате на оваа дебата и активно да се вклучите во дијалогот кој ќе овозможи подобрување на состојбите во сферата на дигиталната култура и медиумското образование.

Потврдете го вашето учество на објавениов настан на Facebook

Во прилог и официјалната објава во пдф формат: Онлајн дебатирање и неговото менаџирање – локални искуства