Recent Articles

Записи, фотографии и видео »

Пишувања по конференцијата:

После мк блог конференцијата
Кибер Котле

Заврши првата македонска блогерска конференција
Археолошки дневник

Блог-конференција – mkblogconference – Мај 2007
Волан

Конференција – субјективно
Лавот

И еден запис кој што се појави за време на конференцијата:

Блогери на конференција
Новица

Доколку сакаш да видиш дел од атмосферата на конференцијата низ фотографии, сет од 63 фотографии ТУКА.

Мал дел од почетната атмосфера и низ видео:

Помина првата сесија »

Дарко, Јован и Глиша отворија интересна дискусија во која се вклучија повеќе посетители..

Еве пар слики (виа Миша):

Уште еден ден »

Изминативе денови, во некои медиуми беше проследена веста за блог-конференцијата која ќе се одржи утре (26.05) во просториите на културниот центар Точка, со почеток во 11.00 часот.

Ние пак, привршивме со организацијата, и очекуваме се` да мине во најдобар ред, опуштено и без многу отстапувања од зацртаниот план.

Би сакале да ве известиме дека (најверојатно) во Точка ќе обезбедиме безжичен интернет, па така, кој ќе дојде со лаптоп, ќе може да блогира директно од настанот. Ќе се потрудиме и да средиме за аудио и видео записи, и евентуално би пробале потоа да направиме подкаст. За сите оние кои што ќе понесат дигитални фото-апарати, камери или диктафони, ќе се договориме како да се сподели снимениот материјал.

Што се однесува до пијалак и мезе, организаторот не обезбеди ништо, па така посетителите ќе треба сами да си се погрижат за тоа. Во Точка се продаваат пијачки и грицки, но нема да има проблем и доколку си понесете од дома.

Инаку, би сакал да повторам дека конференцијата ќе се одвива во три сесии (погледнете ја уште еднаш агендата); па така доколку не ви се седи на целиот настан, може да наминете само кога ќе се говори за темата која најмногу ве интересира.

Место би требало да има за сите; бидејќи Точка има уште половина спрат дополнителен простор. Значи, слободно може да поведете и друштво, затоа што конференцијата не е наменета исклучиво за блогери.

Спремаме и неколку ситни изненадувања, но за тоа ќе стане збор за време на самиот настан.

Па, народе, се гледаме утре.

Детална агенда »

За да можете да си го испланирате времето за во сабота:

11:00 – 11:45
Тема: Собирање и запознавање

11:45 – 13:15
Тема: Алатки, сервиси, техники и трикови
Воведничари: Јован Костовски; Георги Станојевски 

13:45 – 15:15
Тема: Блогови и медиуми
Воведничари:Ивица Антески; Анастас Вангели

15:45 -17:15
Тема: Блогосфера – подем на мрежното општество
Воведничар: Жарко Трајаноски

Воведничарите ќе имаат на располагање 10 минути по што ќе започне дискусијата.

Линкови »

Мало купче линков на тема МК БЛОГ Конференција

МК БЛОГ КОНФЕРЕНЦИЈА – Настан во најава
Arheo

МАК БЛОГ КОНФЕРЕНЦИЈА – уште една бљувотина во низата
МечетоУшко

Блог конферанција, Кириличен беџ
Баждарџијата

МKBlog Conference
M-Soulz

Одговор на прозивките
Вуна

МК Блог Конференција
MarketThink

MK Blog konferencija
О nekim stvarima govoreći

Мк.Блог Конференција
Прилеп

MK Blog konferencija
Svakodnevica

Македонска Блог Конференција
Oксиморон

Независност?
Бунка

Им се извинувам на сите кои ненамерно ги испуштив, повеќе линкови со редовен апдејт на Technorati