| Обука: Интернет маркетинг
Датум: вториник, 30 март 2010, Успехот на вашиот бизнис денес е зависен од вашето присуство на Интернет. Интернет маркетинг. Не е мистерија! Неговата цел е да ги донесе вашите идеални купувачи во вистинско време и на вистинско место, но и да отвори нови можности за вашиот бизнис.
Без разлика дали работите во B2C или B2B опкружување, оваа обука ќе ви овозможи да се стекнете со знаење и вештини како успешно да го менаџирате вашето присуство на Интернет и да ги управувате вашите кампањи со доверба и сигурност. Обуката ќе ве запознава со основите на планирање, управување и оптимизирање на вашата Интернет маркетинг стратегија. За кого е наменета оваа обука?
Предавачи: Дарко Булдиоски активно се занимава со онлајн медуми повеќе од 5 години. Комуниколог, блогер и активен учесник во локалната, регионална и глобалната интернет сфера. Со свои предавања активно учествувал на E-society.mk, BlogOpen, Young Media Watchdogs, Youth and New Media Participation и други настани. Oд пред две години е асистент на Њујорк Универзитетот Скопје, каде предава вовед во нови медиуми, социјални медиуми и онлајн новинарство. Зад себе, покрај личниот блог за медиуми Комуникации.нет како успешни онлајн проекти ги вбројува PMtips.net, Notformen.mk, Autovision.mk, Glocal Conference и други. Две години наназад активно спроведува обуки и консултации во повеќе различни области на Интернет маркетингот и огласувањето. Наталија Трајчевска професионално е вклучена во полето на Интернет меркетингот повеќе од 2 години. Како специјалист за онлајн маркетинг во Seavus, секојдневно ангажирана со корпоративното огласување, главни одговорности и активности и се директен маркетинг, e-mail маркетинг, SEM, SMO и сите поврзани активности. Како дел од серијата вебинари на HubSpot, во август оваа година се стекна со титула Inbound Marketing Certified Professional. Со учеството на Webit, октомври 2009, се стекна со сертификат за професионален развој во полето на дигитални маркетинг стратегии, интернет маркетинг и најдобри е-бизнис практики од предавачите на Google, eBay, The Guardian, Coca Cola, AOL, итн. Во последните 6 месеци е коавтор на Интернет Маркетинг Блог.
Димитар Јовевски дипломира на меѓународен маркетинг и менаџмент на Факултетот за применети науки FONTYS, во Холандија. 5 годишно работно искуство како бизнис консултант и аналитичар во областите: бизнис инженеринг, маркетинг стратегии и интернет макретинг стратегии. Во моментот е во процес на ЦМЦ сертификација. Веќе три години работи како Асистент на Економскиот факултет во Скопје, при Универзитетот Св.”Кирил и Методија”, на одделот за Е-бизнис во фаза на изработка на магистерските трудови нa после-дипломски студии за е-бизнис менаџмент. Савица Поп Тонева е директор на канцеларијата на Httpool во Македонија, каде е од самото основање на компанијата. Дипломиран економист на отсек Менаџмент на Економскиот Факултет Скопје. Искуството го добива, работејќи во реномирани компании, како од областа на Маркетингот така и од други области. Повеќе од пет години активно се занима со Интернет маркетинг и Интернет огласување, шитрејќи ја идејата за можностите на рекламирање на нови медиуми. Во моментот ја подготвува магистерската теза на полето на Интернет маркетингот. Има особено знаење за подготовка на интернет маркетинг стратегии, online огласување, огласување на социјални мрежи. Сања Божиќ е дипломиран економист на департментот е-бизнис на Економскиот Факултет во Скопје. Во 2007 година беше дел од практикантите во Httpool Македонија. После три месечна пракса станува дел од тимот на Httpool Македонија како проект менаџер. Учествува на конференции и семинари од областа на Интернет Маркетинг, но истовремено и врши обуки предавајќи го стекнатото искуство од огласувањето на Интернет.
Цена: Пријавување и уплата до 20.03.2010 – 4.400 денари (со ддв 5.192 денари) Краен рок за пријавување и уплата е 29.03.2010 Бројот на учесници е ограничен на 15 заради задржување на квалитетот на содржината и можноста да се посветиме соодветно на сите учесници. Детална агенда на обуката: Интернет маркетинг (pdf) Информации и пријавување: e-mail: darko.buldioski@newmedia.org.mk |
![]() |
|
партнер на обуката |
||


