Face 2 Face II

28 June, 2008 – 10:29 am

Во петок, (27.06) се одржа втората дебатна средба во рамките на низата на активности на „Центарот за нови медиуми“ под наслов „Face to Face“. Темата на дискусија беше онлајн информирањето, а со своето учество нè почестија Зоран Ричлиев (Утрински Весник), Зоран Бојаровски (Алфа ТВ), Стеван Трајковски (А1 ТВ) и Милчо Узунов (Форум).

Средбата и самата дискусија се одржа во сосем неформален карактер што резултираше во извонредно содржајна, отворена и мошне корисна дискусија на темата онлајн информирањето во Македонија, какви се состојбите на овој план, кои се систематските проблеми, кои се поединечните искуства во започнувањето, одржувањето и развивањето на онлајн информативните медиуми, какви се перспективите и кои се можните решенија за проблемите со кои се соочуваат нашите ентузијасти во оваа сфера.

Иако е секако нефер да се изредуцира самата дискусија на неколку просто-проширени реченици, сепак заради континуитетот на записи од овие настани би ги издвоил следните „поенти“ на средбата:

  • сферата на онлајн информирањето кај нас, иако бележи значителен напредок, е далеку од развиена
  • рекламниот колач во оваа сфера е сè уште ситничок
  • конвенционално обучените новинари се однесуваат конзервативно и резервирано кон онлајн медиумите, иако помладите кадри покажуваат поголем ентузијазам кон онлајн информирањето
  • беше допрена темата на соодносот на класичните изданија (печат, ТВ) и онлајн изданијата на едни исти медиуми и феноменот на „негативна/ирационална внатрешна конкуренција“ како состојба која го инхибира развојот на онлајн информирањето.
  • беа разгледани „пиковите“ (врвот) на посетеноста во текот на денот во различни медиуми кои посочија одредени модели на однесување на публиката.
  • беа направени проценки во кој првец ќе се движи развојот и активностите на онлајн медиумите и кои се најголемите предубедувања во оваа сфера.

Со овој заклучен збор им се заблагодаруваме на учесниците со додавка дека дискусиите во рамките на „Face2Face“ секако ќе продолжат, а темите за можните следни средби се отворени за дискусија и сугестии.

Дополнително ќе се потрудиме да објавиме и некој аудио запис од настанов. Некои мобилни снимаа, ама не сме сигурни дали имаме снимка која може да се употреби :)

  1. 5 Responses to “Face 2 Face II”

  2. Гледајте да има аудио запис за луѓето како мене што беа спречени да дојдат :)

    By Mite Kuzevski on јун 28, 2008

  3. Интересно е како во Македонија кога се организира нешто знаат само одредени кругови на луѓе кои меѓусебно се блиски и си се на редовен контакт и истите тие луѓе заради постојаниот континуитет на таквите случувања и начин на работа многу потешко се навикнуваат на нови нешта. Поздрав, Дамјан

    By Дамјан on јун 28, 2008

  4. Имаш право Дамјан, така е. Ама настанов не беше нешто планирано за поширока јавност, беше само една мала проба која помина успешно и затоа објавивме нешто по повод тоа. оригинално немавме некои сериозни планови да објауваме.

    Убавите настани и дебати/дискусии доправа ќе доаѓаат :)

    By admin on јун 28, 2008

  5. Тоа е најлошото, што имам право.

    By Дамјан on јун 28, 2008

  1. 1 Trackback(s)

  2. дек 31, 2008: 2008 година на купче | К О М У Н И К А Ц И И

Post a Comment