Face 2 Face - дебата на тема мк блогосфера
12 February, 2008 – 3:10 pm
Повод: Иницијално, можеби и ненамерно целата работа започна со емисијата Без пардон која оди на првиот канал на Македонската национална телевизија која предизвика коментар од Сеад Џигал, објавен на блогот Комуникации со наслов Без пардон, а и без усул каде во коментарите се разгоре жестока дебата особено откако во неа се приклучи и Роберто Беличанец, инаку учесник во тв емисијата.
Тема: Пресек на македонската блог заедница, уздуш и попреку, а може да се продискутира и за нејзината иднина
Место на случување: НВО Инфоцентар
Време: Петок, 15 Февруари 18 часот
Учесници: Секој кој може и сака да дојде, а се разбира е спремен конструктивно да го искаже својот став.
Дополнителни информации: Најискрено ги молам сите оние кои навистина планираат да дојдат, да се пријават со коментар на овој пост за да можеме добро да го испланираме настанов. Просториите во кои планираме да го одржиме имаат ограничен капацитет и токму затоа мораме да ја контролираме бројката.
Канцелариите (и мини-салата) на НВО Инфоцентар од пред неколку месеци се наоѓаат на нова локација. Зад основното училиште Песталоци, на улицата која води од Драгстор Бети, Лезет кон Polyesterday мапа и детали тука.
Настанот планираме да биде некако не многу строго модериран, заради конструктивноста на дискусиите. Некој од нас (Дарко, Сеад или Мите) ќе ја преземе таа (неблагодарна) улога. Ќе се потрудиме да обезбедиме и некој снимен материјал за оние кои од било какви причини нема да можат да дојдат а имаат желба да видат како сме поминале.
И секако, добродојдени се и неблогери, овој настан не го правиме исклучиво да се соочиме со Роберто туку да ја ги продолжиме актуелните дискусии. Ако планираш да донеш другар/ка пријави го/ја и неа во коментар.
21 Responses to “Face 2 Face - дебата на тема мк блогосфера”
Беличанец ќе биде Кин, кој ќе биде Вајнбергер?
By Новица on Feb 12, 2008
јас планирам
By dasaf on Feb 13, 2008
jas planiram da dojdam
By Jana on Feb 13, 2008
И јас планирам да присуствувам. Поздрав
By Археоблог on Feb 13, 2008
И јас би сакал да присуствувам.
By kiberkotle on Feb 13, 2008
Идејата за дебата е глупава. Јавноста онаа иста на која Беличанец ги истресе предрасудите треба да се убедува а не самиот него - бласфемичар кој и сам призна дека сакал само да привлече внимание кај блогерската јавност.
By Алекс Букарски on Feb 13, 2008
па ќе гледам да дојдам.
By femgerila on Feb 13, 2008
Еве јас, иако имам блог се декларирам како не блогер, така да ќе присуствувам… се надевам дека после таа дебата ќе тркнеме до Лезет на Салепче или грано вино… Мислам дека таму ќе се случи вистинската опуштена дебата.
By Слобода на Умот on Feb 13, 2008
незнам дали да додјам ама ај ќе размислам може ќе земам една другарка со мене. Ма да сметам дека оваа дебата ќе биде глупава. зашто беличанец и ордановски замешале прсти за оваа дебата. Но треба соочување, само тоа соочување да оди во вистински правец а не со меѓусебни препукувања, и навредувања. Треба конечно да се знае какви сме и кои сме ние блогерите и блогерките. За секој случај зачувајте во ќошот две столчиња за мене и за другарка ми.
By fotka on Feb 13, 2008
еј датумите на коментарите ви се погрешно ставени исправете ги, ме слушаш ли дарко 156?
By fotka on Feb 13, 2008
фала, фотка. Сменив, за следните веројатно ќе се појавува како што треба. Централно не ми било средено времето воопшто.
By darko156 on Feb 13, 2008
Зошто давате толкав публицитет?
Зошто легитимирате нечие мислење кое не е вредно да биде легитимно уште помалку јавно афирмирано!
Зошто им давате публицитет на НЕинтересните и стерилните тези и мислења?
Зарем толку е убаво да се плива во медиокритетот на една стеротипна дискусија!
Сакам да ви раскажам една прикаска.
Оваа прикаска се случила неодамна во едно планинско село во Украинските карпати. Ми го раскажа еден пријател со исклучително чиста без ниту една пукнатина дарба за флејта. Но и него оваа приказна го растроила и тој ми ја раскажа без да знае што да прави со неа, откако се уверил дека не е за литературен материјал.
И така една вечер кога младите во Украина по традиција одат на коледе, со музика и маскирани (за подробности ви го препорачувам Гогољ) еден млад селанин ја земал од дедо си шупелката, која му припаднала во наследство од дедо на внук веќе кој знае колку долго и која требал тој да ја наследи по смртта на својот дедо. Немал појма од свирење и во други околности не би му ја дал никој, но тој ете ја наследил по сила на традицијата.
Празниците поминувале бурни, весели, бесни, и во нечиј дом поради големите количини на испиен алкохол, некој едвај стоејќи на нозете, тетеравејќи се ја нагазил со селската цокула малата шупелка и ја скршил на ситни парчиња. Утредента се разбрало дека бедниот селски шупелкар кој не ја запазил семејната реликвија се обесил на таванот од својата куќа, откако дедо му го прогласил за фамилијарен изрод кој не е способен да ја наследи фамилијарната традиција од дедо прадедо и кој поради неговата неспособност ќе биде прекината.
Така оваа приказна која е лоцирана на просторот помеѓу Балканот и Чеченија е и наша приказна. Кога ја слушнав приказната се нешто почнуваше во мене да се бунтува и секојпат кога ќе ја прераскажев се нешто ме копкаше одвнатре.
Некој ја сметаат за трагикомична, еден писател постмодернист од одма и лепна име “Шупелка под цокула”и изјави дека нема благе везе со ништо, не носи никаква порака, еден пак критичар забега во анализата за традицијата, искуството и човечката кадарност и додаде дека може да си ја толку кој како сака.
За мене е едноставна.
Во постсоцијалистичката реалност на Македонија, следбениците на минатиот систем со сите сили се обидуваат да ја продолжат традицијата на своите предци (да ни свират со шупелката на своите дедовци).
При тоа ги елиминираат сите пречки кои им стојат на пат. Една таква пречка е информационото општество, кое тие би сакале да се совпадне со тоталитарното. Сака да ги затвори, да ги свие пред индивидуата
ветерниците на возможностите со генерализацијата дека сите ветерници исто се вртат на новиот ветер.
Ако шупелката на шупелкарот не се скршела (макар и случајно) тој сеуште ќе дувал и свирел(без разлика што не знаел да свири) во неа и немало да се обеси.
Зарем уште сакате да играте на музиката од минатото пренесена преку звукот на нескршените шупелки.
Дискусија за оваа тема не се води вака и на ваков начин!!!
Дискусија воопшто не се води.
Нема потреба!!!
By Мечето Ушко on Feb 13, 2008
Ако оздравам до тогаш, обавезно доаѓам, во пар
By Bi on Feb 13, 2008
Мислам дека ова ќе биде интересен настан. Како новинар, а воедно и како блогер, ќе гледам да бидам присутен на настанот. За тоа дали ќе има дебата, ќе зависи од присутните луѓе.
By Solza on Feb 13, 2008
П.С. Ќе донесам и неутрална особа, ако не е проблем!
By Solza on Feb 13, 2008
Солза, секако дека не е проблем, ама и тебе и сите други ги молам што е можно повеќе да ги избегнувате формулациите „ќе гледам да дојдам“ и сл.
сфатете ме, за да можеме да го организираме ова треба барем отприлика да знеме колку луѓе ќе дојдат.
By darko156 on Feb 13, 2008
Дарко, работата е во тоа што во градов владее грип, имам блага температура. Но, се надевам дека ќе ја совладам, така што рачунајте на нас дека ќе присуствуваме во петок во НВО инфоцентарот.
By Solza on Feb 14, 2008
Блогери на јавна дебата!?
А нели е … ахем … блогосферата место за дискусии и искажување на мислења на блогерите?
By Ванчо on Feb 14, 2008
Ќе дојдам со колега неблогер. Некои блогери искажуваат чудење зошто воопшто би требало да се дискутира на јавна дебата за блогерството, кога за тоа постои блогосферата. Токму поради тоа и постојат предрасуди наспрема блогерите. Потребна е мала промоција за пошироката јавност. Иако ми се чини дека и овојпат ќе присуствуваат претежно блогери и ќе личи на дискусија во блогосфера, но во „реалниот/физичкиот“ свет. Ајде да ја продискутираме дилемата на Дарко156 од овој негов пост http://komunikacii.net/2008/02/04/blogistika/ .
By Lado (nebloger) on Feb 15, 2008
Ок, еве потврдувам. Доаѓаме двајца.
By Bi on Feb 15, 2008