АКТИВНОСТИ
Предавање: Новите медиуми предизвик за идните новинари!
НВО Инфоцентарот, во рамките на редовната соработка со Студиите по новинарство, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, утре (среда, 28 март), ќе започне серија работилници за студентите по новинарство.
Работилниците ќе бидат посветени на новите медиуми и таканареченото “граѓанско новинарство“. Идните новинари ќе имаат можност да се запознаат со блоговите и начинот на кој тие функционираат.
Едновремено, овие едукации ќе претставуваат можност студентите да се запознаат и со македонската блог заедницата, која е во подем и која е исклучително активна.
Работилниците ќе ги реализира Дарко Булдиоски од Центарот за нови медиуми и активен блогер. На сесиите ќе присуствуваат и останати активни блогери, кои на студентите ќе им ги претстават своите искуства со новите медиуми.
Настан: МК БЛОГ КОНФЕРЕНЦИЈА; 26-Мај-2007
Со цел да иницираме отворен дијалог помеѓу корисниците, истражувачите, креаторите и промотерите на овој нов бран, организиравме настан на кои се запознаа разни луѓе, и разменија искуства, научија по нешто ново се разбира, споделивме по уште некој линк.
Акцентот на овој еднодневен настан беше ставен на отворена дискусија. Деталите од целата конференција можете да преслушате или да ги погледнете.