My reccomendation for premium ssl certificate for any ecommerce site . . . . http://newverhost.com/reports/index.html

Обука: Основи на Интернет огласување

4 January, 2010 – 10:23 pm

На 11 декември 2009, Центарор за нови медиуми во клубот на новинари ја одржа својата прва отворена комерцијална обука на тема: Основи на Интернет огласување.

Целта на обуката беше да запознаат учесниците со основните карактеристики на интернет огласувањето, предностите и недостатоците кои ги нуди оваа форма на огласување, различните начини на таргетирање, потоа со различните типови на огласи и како да се изврши проценка на кои веб страници е најдобро да се рекламира.

Обуакта беше наменета за директори на продажба и маркетинг, маркетинг и ПР агенции и менаџери на мали и средни компании. Истата ја проведоа Дарко Булдиоски и Наталија Трајчевска. Првата отворена комерцијална обука имаше 10 учесници. Тие доаѓаа од маркетинг агенции, онлајн медиуми, приватни компании и образовни институции.

obuka-internet-oglasuvanje

Како дел од обуката презентација имаа и партнерите на обуакта маркетинг агенцијата Httpool. Савица и Сања презентираа неколку студии на случај и чекор по чекор употреба на нивниот систем за контекстуално рекламирање со што значително ги надполнија теоретските предавања.

Успешната реализација на оваа обука ја потврди и малата евалуација која беше спроведена на крајот на еднодневниот настан. Центарот за нови мдиуми им се заблагодарува на сите учесници за активното учеството и искрениот придонес кон подобрувањето на нашата работа.

Оваа обука само повеќе не поттикна да се фокусираме на зголемување на бројот на активности поврзани со едукациајата од областа на новите медиуми. Па токму затоа најавуваме повеќе обуку на овие теми во текот на 2010. Ветуваме дека нема сите да бидат на основно ниво, туку ќе има и напредни обуки на кои ќе предаваат и експерти од регионот и пошироко.

  1. 2 Responses to “Обука: Основи на Интернет огласување”

  2. Дечки секоја чест значи, колку сте ангажирани на темава и областа. Браво. Ми се свиѓа многу ова што го читам на вашите страни.

    By Ивана on Feb 3, 2010

  1. 1 Trackback(s)

  2. Mar 14, 2010: Обука за Интернет огласување, интервју со Дарко Булдиоски | Ribaro MK

Post a Comment