Започна реализацијата на новата програма Young Media Watchdogs – медиумско описменување, критичко размислување и аргументирано коментирање за средношколци и студенти
Центарот за нови медиуми, НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум организираат тринеделна работилница, на кој средношколците и студентите ќе се запознаат со македонската медиумска сцена, пропагандата и политичкиот маркетинг. Учесниците ќе развијат критички пристап кон понудените информации, ќе стекнат способности за аргументирано коментирање на медиумската понуда и ќе научат како преку користењето на новите медиуми, своите коментари и ставови да ги презентираат јавно.
Првата, од предвидените четири работилници, ќе се одржи од 11 до 29 март, 2008 година, со 12 учесници. А веднаш по неа следуваат уште 3 циклуси.
На работилницата ќе се обработат темите:
- Вовед: Пропаганда и медиуми - Билјана Бејкова, НВО Инфоцентар
- Политика, медиуми и јавно мислење - Марко Трошановски, Институт за демократија
- Критичко мислење и медиуми - Павлина Каранфилова, НВО Инфоцентар
- Дебата, аргументирање и критичко размислување - Марјан Забрчанец и Бојан Маричиќ, Младински образовен форум
- Нови медиуми - Дарко Булдиоски, Центар за нови медиуми
По завршувањето на серијата од четири работилници учесниците заинтересирани за понатамошна соработка ќе можат своите ставови да ги објавуваат на новиот Young Media Watchdogs блог. Објавувањето на комантари и ставови ќе се одвива под континуирано менторство на Дарко Булдиоски, Марјан Забрчанец и Бојан Маричиќ.
Повод: Иницијално, можеби и ненамерно целата работа започна со емисијата Без пардон која оди на првиот канал на Македонската национална телевизија која предизвика коментар од Сеад Џигал, објавен на блогот Комуникации со наслов Без пардон, а и без усул каде во коментарите се разгоре жестока дебата особено откако во неа се приклучи и Роберто Беличанец, инаку учесник во тв емисијата.
Тема: Пресек на македонската блог заедница, уздуш и попреку, а може да се продискутира и за нејзината иднина
Место на случување: НВО Инфоцентар
Време: Петок, 15 Февруари 18 часот
Учесници: Секој кој може и сака да дојде, а се разбира е спремен конструктивно да го искаже својот став.
Дополнителни информации: Најискрено ги молам сите оние кои навистина планираат да дојдат, да се пријават со коментар на овој пост за да можеме добро да го испланираме настанов. Просториите во кои планираме да го одржиме имаат ограничен капацитет и токму затоа мораме да ја контролираме бројката.
Канцелариите (и мини-салата) на НВО Инфоцентар од пред неколку месеци се наоѓаат на нова локација. Зад основното училиште Песталоци, на улицата која води од Драгстор Бети, Лезет кон Polyesterday мапа и детали тука.
Настанот планираме да биде некако не многу строго модериран, заради конструктивноста на дискусиите. Некој од нас (Дарко, Сеад или Мите) ќе ја преземе таа (неблагодарна) улога. Ќе се потрудиме да обезбедиме и некој снимен материјал за оние кои од било какви причини нема да можат да дојдат а имаат желба да видат како сме поминале.
И секако, добродојдени се и неблогери, овој настан не го правиме исклучиво да се соочиме со Роберто туку да ја ги продолжиме актуелните дискусии. Ако планираш да донеш другар/ка пријави го/ја и неа во коментар.
Со самото појавување на блоговите во новинарскиот свет дојде веста за една нова заедница којашто делумно ја сфаќаа како конкуренција, но голем дел ја сфатија како извор за нови вести, идеи и содржини коишто можат да ги искористат при својата работа - Анастас Вангели
Една од разликите помеѓу традиционалнните медиуми и блоговите е тоа што конкретниот производ на традиционалните медиуми е колективно создаден, додека содржината на блоговите најчесто ја создаваат индивидуалци. Друга важна разлика е тоа што мејнстрим медиумите или новинарството сакаат да созададат слика дека се објективни/неутрални за разлика од блогерите кои отворено кажуваат за себе дека се субјективни - Ивица Антески
Еден битен аспект за блогот како медиум е негоавта голема можност за промоција на критичко мислење и дебати за општествено релевантни теми. Можноста за коментари што ги овозможува блогот како медиум афирмативно влијае врз развојот на критичкото мислење - Жарко Трајаноски
Со блоговите дојде еден нов бран на идеи. Претходно можевме да ги најдеме слушнеме и видиме само ставовите и размислувањата на 10-тина експерти кои се појавуваа буквално на сите медиуми одговарајќи на прашања од сите области. Со блоговите се отвори можноста и други луѓе што скаат, да кажат нешто тоа, тоа и да го сторат. Со што имаме едно ново влијание, нов квалитет. - КНСИС