Young Media Watchdogs
25 March, 2008 – 9:58 amЗапочна реализацијата на новата програма Young Media Watchdogs – медиумско описменување, критичко размислување и аргументирано коментирање за средношколци и студенти
Центарот за нови медиуми, НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум организираат тринеделна работилница, на кој средношколците и студентите ќе се запознаат со македонската медиумска сцена, пропагандата и политичкиот маркетинг. Учесниците ќе развијат критички пристап кон понудените информации, ќе стекнат способности за аргументирано коментирање на медиумската понуда и ќе научат како преку користењето на новите медиуми, своите коментари и ставови да ги презентираат јавно.
Првата, од предвидените четири работилници, ќе се одржи од 11 до 29 март, 2008 година, со 12 учесници. А веднаш по неа следуваат уште 3 циклуси.
На работилницата ќе се обработат темите:
- Вовед: Пропаганда и медиуми - Билјана Бејкова, НВО Инфоцентар
- Политика, медиуми и јавно мислење - Марко Трошановски, Институт за демократија
- Критичко мислење и медиуми - Павлина Каранфилова, НВО Инфоцентар
- Дебата, аргументирање и критичко размислување - Марјан Забрчанец и Бојан Маричиќ, Младински образовен форум
- Нови медиуми - Дарко Булдиоски, Центар за нови медиуми
По завршувањето на серијата од четири работилници учесниците заинтересирани за понатамошна соработка ќе можат своите ставови да ги објавуваат на новиот Young Media Watchdogs блог. Објавувањето на комантари и ставови ќе се одвива под континуирано менторство на Дарко Булдиоски, Марјан Забрчанец и Бојан Маричиќ.
Извор: НВО Инфоцентар